14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јапонија: По тајфунот 450.000 куќи останаа без струја

Најмалку две лица загинаа, а над 450.000 домови во јапонскиот град Чиба и понатаму се без електрична енергија поради силниот тајфун Факсаи којшто трае веќе три дена.

Силниот тајфун предизвика голема жештина и недостаток од вода, поради што десетина луѓе побараа помош во болниците.

Тајфунот со удари на ветрот од 215 километри на час, се смета за еден од најсилните што некогаш го погодиле источниот дел од Јапонија, а покрај недостатокот од струја и вода во прекин е и сообраќајната мрежа во градските средини.

Голема штета претрпеа земјоделците чиишто земјишта беа погодени од силното невреме.

Спонзорирано: