10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авионот со телото на Мугабе на пат за Зимбабве

Приватен авион со кој се наоѓа телото на поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, денеска полета од Сингапур кон неговата татковина, јавуваат медиумите.

Мугабе се лекуваше во болницата во Сингапур, каде што почина на 96-годишна возраст минатата недела. Мугабе е првиот претседател на Зимбабве откако ја освои независноста на својата земја од Велика Британија во 1980 година. Тој беше на власт речиси четири децении пред да биде соборен во 2017 година од страна на војската.

Кога ќе пристигне во Зимбабве, телото ќе биде пренесено во неговото село Звимба западно од Хараре, каде ќе има бдеење. В четврток и в петок, телото на Мугабе ќе биде изложено на стадионот Руфаро во предградието на Хараре, каде што граѓаните ќе можат да му оддадат почит.

Спонзорирано: