Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Запленет брод во Грција поради обид за криумчарење мигранти

Грчката крајбрежна стража соопшти денеска дека го запленила бродот и уапсила две лица осомничени дека се обиделе да прошверцуваат 37 мигранти во Италија.

Крајбрежната стража соопшти дека бродот што пловел под украинско знаме е запрен во Јонското Море, северозападно од островот Закинтос вчера наутро.

Мигрантите биле пренесени во пристаништето Закинтос и бродот бил конфискуван.

Податоците за националноста на мигрантите не се соопштени.

Грчките власти соопштија дека испитуваат дали двајцата осомничени, идентификувани само како странци на возраст од 35 и 49 години, биле дел од меѓународната мрежа на шверцери.

Стотици луѓе продолжуваат да пристигнуваат во Грција од Турција, со надеж дека ќе стигнат понатаму кон север во поразвиените европски земји.

Во тренд