12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Европа алкохолот е најскап на Исланд, а Македонците пијат по најниски цени

Највисоки цени за алкохолни пијалаци во Европа палаќаат Исланѓаните, а најниски се цените во Северна Македонија, покажуваат податоците на „Евростат“, (центарот за статистика на Европската Унија).

Во рамки на статистиката за цената на алкохолот, се истакнува дека истата ги опфаќа 28-те земји членки на ЕУ, три земји на ЕФТА (Исланд, Норвешка и Швајцарија), пет земји кандидатки (Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција), како и една потенцијална земја кандидатка (Босна и Херцеговина).

Во однос на земјите од Унијата, алкохолните пијалаци се најскапи во Финска, а најевтини се во Бугарија и Романија, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Според анализата на „Евростат“, просечната цена на алкохолните пијалаци во најскапите земји членки на ЕУ е двојно поголема од просечната цена на ниво на целата Унија.

Цената на алкохолните пијалаци на ниво на ЕУ минатата година била најниска во Бугарија и Романија, а потоа следат Унгарија, Чешка и Шпанија.

Низ цела Европа, вклучително и земјите кои не се членки на ЕУ, најниска цена на алкохолни пијалаци е забележана во Северна Македонија и Босна и Херцеговина, додека за алкохол најскапо се плаќа во Исланд и Норвешка.

Спонзорирано: