13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Власта го одврза ќесето: Пари ќе се делат и за нови прозорци, печки на пелети, сончеви колектори, клима уреди, нови автомобили…

Со измената на Програмата предвидено e зголемување на средствата предвидени со Буџетот и тоа: дополнителни 5 милиони денари за субвенции за сончеви колектори, дополнителни 14.7 милиони денари за субвенции за ПВЦ или алуминиумски прозорци и дополнителни 10 милиони денари за субвенции за печки на пелети, со што вкупните средства од 50 милиони се зголемуваат на 79 милиони денари.

Ова се измените на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2019 година што Владата на Република Северна Македонија ги донесе на денешната седница.

Во делот на доделувањето на субвенции за купени печки на пелети се предлагаат вкупно 30 милиони денари, од кои 15 милиони денари ќе бидат наменети за баратели со ниски примања (ранливи потрошувачи) и истите ќе имаат предност при доделувањето на субвенциите. Останатите 15 милиони денари ќе бидат доделени на начинот опишан во програмата и јавниот оглас.

Субвенции од Владата: 1000 евра за купување на нова инвертер клима – еве како ќе функционира

Владата ќе го субвенционира целиот износ до 60.000 денари за купување на нова клима инвертер за замена на печките на цврсто гориво.

Субвенциите ќе се покријат од буџетот на ЕСМ. Информацијата ја потврди директорот Васко Ковачевски иако и самиот рече дека конечната одлука се уште не е донесена. Според неговиот план, за оваа мерка ќе се потрошат од 3 до 4 милиони евра.

Ќе се делат по 3000 евра за набавка на ново или старо еколошко возило – Владата на Заев им дава шанса на граѓаните со мали примања конечно ќе имаат шанса за нова кола

Летниов период беше откриена и идејата да се делат по 3000 евра субвенција а заинтересираните граѓани кои би купиле ново или старо возило кое ги исполнува еколошките стандарди.

Според мерката граѓаните кои би го оставиле старото возило и би го исклучиле од употреба, би добиле субвенција од 3000 евра за набавка на ново или возило на старо кое ги исполнува еколошките стандарди.

Ваквата мерка е поздравена од граѓаните, кои ќе можат да го обноват возниот парк, а со ова би помогнале и во заштита на еколошката средина.

Ваквата мерка предвидува сите кои иммаат возила ЕУРО 2 и 3, ќе ја имаат шансата да се откажат од тие возила и да си купат нови или возила на старо со ЕУРО 5 стандард, а за тоа ќе добијат финансиска поддршка од државата.

Мерката треба да придонесе за подобрување на амбиенталниот воздух и да ја зголеми побарувачката на нови, наместо стари и користени возила.

Планот е исто така граѓаните кои возат на бензин да можат да вградат плински уред, а за тоа да добијат 50 проценти поврат од инвестицијата.

Спонзорирано: