19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стотици летови на „Бритиш ервејс“ се откажани поради штрајк

Стотици летови на „Бритиш ервејс“ се откажани поради штрајк на пилотите кои бараат зголемување на платите.

Според проценките на авиокомпанијата, дводневниот штрајк што започна вчера ќе влијае на 195.000 клиенти.

Во јули пилотите ја одбија понудата на „Бритиш ервејс“ за зголемување на платите од 11,5 проценти во текот на три години.

Вториот штрајк е планиран за 27 септември.

Спонзорирано: