7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Расте бројот на жртви од ураганот Доријан

Бројот на жртви од ураганот Доријан, кој неодамна ги погоди Бахамите, во понеделникот се искачи на 50, објавија властите.

Министерот за здравство, Дуане Сандс, го потврди последниот број на смртни случаи, кој порасна од 44 жртви во неделата, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Илјадници луѓе сè уште се исчезнати, додека акциите за помош се во тек на разорените острови Абако и Гранд Бахама.

Ситуацијата беше опишана како многу сериозна. Спасувачките екипи одеа од врата до врата, а хеликоптерите на Соединетите Држави на крајбрежната стража ги евакуираа критично повредените жители.

Спонзорирано: