9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешниот турски вицепремиер формира нова партија

Поранешниот турски вицепремиер Али Бабаџан најави дека ќе формира нова политичка партија до крајот на годинава.

Бабаџан ја напушти Партијата за правда и развој на претседателот Реџеп Таип Ердоган (АКП) во јули поради, како што рече, длабоки разлики, пренесува „Ројтерс“.

Тој беше меѓу основачите на АКП, министер за економија и надворешни работи, а потоа од 2009 до 2015 година вицепремиер.

Во своите први коментари по напуштањето на АКП, Бабаџан за весникот „Карар“ рече дека владејачката партија се оддалечила од нејзините основни принципи и дека сè уште работи на собирање истомисленици за да формираат тим за водење на новата партија.

Тој додаде дека Ѓул го поддржува, но не е официјално вклучен.

„Ова ќе потрае некое време. Ние сакаме партијата да биде формирана пред 2020 година. Квалитетот е многу важен“, изјави Бабаџан за весникот.

Спонзорирано: