15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Археолозите открија скелет стар два милениуми со „телефон“ при рака

Во гробница стара 2.000 години археолозите пронајдоа скелет на жена која ја нарекоа Наташа. Областа каде што е ископана Наташа се наоѓа во руската република Тува и е позната како „руска Атлантида“ затоа што во текот на целата година е под вода.

Во гробницата е откриен на прв поглед необичен предмет во форма на модерен телефон, што е всушност тока за ремен украсена со тиркиз, карнеол и седеф, додека самиот ремен бил украсен со кинески парички што помогнале во датирањето (околу 2.137 години).

Гробницата била ископана во огромниот резервоар на островот на реката Јенисеј, наречен некропола Ала-Теј. Други гробници пронајдени на истото место датираат од бронзеното време до владеењето на Џингис Кан.

Спонзорирано: