11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
СВЕТИЗБОР

Уште една министерка го напушти Џонсон, поделеноста за брегзит се прелеа и на улиците

Полицијата уапси 16 луѓе по судирите на плоштадот кај парламентот во Лондон. Нередите ги предизвикаа околу 200 фудбалски навивачи и десничари-приврзаници на брегзит, кои се судрија со противниците за излез на земјата од ЕУ.

Истовремено, премиерот Борис Џонсон има нови проблеми. Министерката за труд и пензии, Амбер Руд поднесе оставка и ја напушти Конзервативната партија. Таа смета дека брегзит по секоја цена не треба да биде главна цел на власта и додава дека не може да поднесе понатомошно останување во Владата, додека умерените конзервативци се отстранети.

Според Руд, отпуштањето на 21 пратеник од Конзервативната партија е напад на пристојност и демократијата.

Владата соопшти дека е разочарана од оставката на талентираната министерка. Пред неколку дена Владата ја напушти и братот на премиерот, Џо Џонсон.

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин е за свикување вонредни избори, но само ако биде апсолутно јасно дека Британија нема да изкезе од Унијата без договор.

Спонзорирано: