18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Досега се вакцинирани 37,189 деца на возраст до 14 години со МРП вакцина

Министерството за здравство информира дека од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) заклучно до вчера на територија на целата држава вакцинирани се 37,189 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина.

Од нив, 16.935 деца се вакцинирани во Скопје, додека пак во останатиот дел од државата вакцинирани се 20.254 деца. Во изминатата недела, во Скопје вакцинирани се вкупно 28 деца, а во останатиот дел од РСМ вакцинирани се вкупно 691 дете од предучилишна и училишна возраст.

Во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.237 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.

Од декември 2018 година, регистрирани се 1,898 случаи на мали сипаници во Република Северна Македонија.

Остануваат на сила препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица.

Спонзорирано: