17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сеул ги откажува летовите и ги затвора парковите поради тајфунот

Десетици летови се откажани во Јужна Кореја, а сите јавни паркови се затворени бидејќи моќниот тајфун Линглинг се приближува кон Корејскиот Полуостров.

Корејското метеоролошко здружение соопшти дека тајфунот се наоѓал на оддалеченост од 430 километри југозападно од одморалиштето на островот Јеју во петокот попладне.

Невремето се очекува да го погоди западниот брег на Јужна Кореја в сабота попладне пред да пристигне во Северна Кореја.

Агенцијата предупредува за евентуални поплави, лизгање на земјиштето и оштетување предизвикано од поројниот дожд во комбинација со многу силен ветар.

Меѓународниот аеродром на Јеју откажа 80 лета, а Министерството за транспорт на Јужна Кореја очекува во земјата да бидат откажани повеќе летови.

Сеул ги затвори сите јавни паркови и зоолошки градини поради доаѓањето на тајфунот.

Спонзорирано: