15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

За една година во Србија уловени 176 волци и 141.000 фазани

Во 2017 година во Србија се фатени 176 волци, повеќе од 16.000 лисици и повеќе од 11.000 диви свињи, се вели во публикацијата „Шумарство во Република Србија“, објавена од Заводот за статистика на Република Србија.

Во таа година се убиени 14 дивокози, 47 муфлони, 666 диви мачки, како и 941 елен, од кои 85 беа лопатари.

Во 2017 година се уловени 141.000 фазани, речиси 32.000 потполошки, 13.600 диви патки, 26.000 зајаци.

Во 2017 година во Србија имало 314 ловишта и повеќе од 77.000 ловци.

Спонзорирано: