9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Вегетаријанците и веганите имаат поголем ризик за мозочен удар

Луѓето кои се хранат вегетаријански и вегански имаат помал ризик од срцеви заболувања, но тој начин на исхрана носи поголем ризик од мозочен удар, покажува студија објавена од Би-би-си.

Студијата објавена во „Бритиш медикал џурнал“ испитувала 48.000 луѓе во изминатите 18 години. Вегетаријанците и веганите имаа десет случаи на помалку коронарна болест на 1.000 луѓе кои јаделе месо, но и три случаи на мозочен удар. Студијата ги анализира податоците од EPIC-Oxford истражувањето, долгогодишен научен проект што се однесува на навиките на јадење и здравјето.

Половина од испитаниците во студијата јаделе месо, нешто повеќе од 16.000 биле вегетаријанци или вегани, а 7.500 пескатаријанци, луѓе кои јаделе риба. Нивната медицинска историја, пушењето и физичката активност биле земени предвид за студијата.

Оескатаријанците имале 13 проценти помал ризик од коронарна срцева болест отколку оние кои јаделе месо, додека вегетаријанците и веганите имаат 22 отсто помал ризик. Но, вегетаријанците и веганите имале 20 проценти поголем ризик од мозочен удар.

Научниците сугерираат дека тоа може да биде поврзано со ниско ниво на витамин Б12.

Спонзорирано: