14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција се закани со отворање на мигрантската рута доколку не добие поддршка

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека можеби Турција ќе биде принудена да ја отвори рутата за мигрантите кон Европа доколку Анкара не добие меѓународна поддршка за решавање на проблемот со сириските бегалци.

Во говорот во Анкара, Ердоган исто така рече дека Турција е решена до крајот на септември да создаде сигурна зона во североисточна Сирија во партнерство со САД, но дека е подготвена да дејствува и самостојно доколку тоа биде потребно.

Паралелно со ваквите закани упатени од турскиот претседател, австриските медиуми објавија процени од тамошните безбедносни служби во однос на балканската мигрантска рута за која се тврди дека станува сè поактивна.

Австриската сојузна канцеларија за борба против криминал тврди дека сите знаци упатуваат на влошување на состојбата на балканската рута и дека во последно време има зголемена активност на трговците со луѓе.

Спонзорирано: