12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД му понудиле милиони долари на капетанот на иранскиот танкер за да го запленат

Стејт департментот потврди дека му понудил милиони долари на капетанот на иранскиот танкер за превоз на нафта, кој се наоѓа во центарот на дипломатскиот конфликт.

Брајан Хук, шеф на работната група за Иран, му пратил имејл на капетанот на бродот „Адријан Дариус 1“, во кој му предлага танкерот да отплови некаде каде што САД би можеле да го запленат, пренесува Би-би-си.

Извештаите за паричната понуда првпат се појавија во „Фајненшл тајмс“ во средата и беа потврдени од Стејт департментот.

Според „Фајненшл тајмс“, Хук испратил имејл до индискиот капетан на „Адријан Дариус 1“, Акилеш Кумар, пред да воведе санкции за бродот тврдејќи дека администрацијата на Трамп ќе биде подготвена да му плати на капетанот неколку милиони долари за пренесување на бродот некаде каде што би можеле американските власти да го запленат.

Капетанот Кумар ги игнорирал имејловите. САД тогаш лично воведоа санкции кога го ставија „Адријан Дариус 1“ на црниот список.

Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, ги обвини САД на својот профил на „Твитер“ за отворено поткупување.

Спонзорирано: