4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Осомничениот за соборување на авионот над источна Украина пуштен со кауција

Украинскиот суд денеска со кауција ослободи маж осомничен за вмешаност во нападот на летот „МХ17“ на „Малезија ерлајнс“ над источна Украина во 2014 година, во кој загинаа 298 лица.

Судијата рече дека Володимир Цемах, идентификуван од безбедносната служба на Украина како поранешен командант на проруските сили во источна Украина, треба да биде ослободен веднаш до продолжување на истрагата, пренесува „Ројтерс“.

Авионот на „Малезија ерлајнс“ („MH17“) летал од Амстердам до Куала Лумпур, тој беше соборен на 17 јули 2014 година додека летал над источна Украина.

Загинаа сите 283 патници и 15 члена на екипажот.