20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху: Време e да се притисне Иран

Израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху побара да се засили притисокот на Техеран, и тоа поради изјавата на иранскиот претседател Хасан Рохани за нуклеарниот договор, пренесува „Спутник“.

„Утрово сме информирани за уште едно нарушување и за уште поголемо запоставување од страна на Иран, овојпат поради неговата желба да добие нуклеарно оружје. Тоа одговара на агресивните потези на Иран против меѓународната пловидба и против земјите во регионот, а одговара и на неговите напори да покрене напади на државата Израел – тие напори не престануваат“, рече Нетанијаху пред заминувањето во Лондон.

„Сега не е време за преговори со Иран. Сега е време за засилување на притисокот врз Иран“, нагласи тој.

Шефот на израелската влада исто така рече дека за ова прашање ќе разговара во Лондон со британскиот премиер Борис Џонсон и со шефот на Пентагон, Марк Есперо.

Претходно, Рохани изјави дека Техеран, во рамките на третата фаза за намалување на нуклеарните обврски, одбива да ги исполни одредбите од ЈЦПОА.

Спонзорирано: