12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ со антитерористички регистар ќе го олеснува носењето обвиненија против милитанти

Против осомничените милитанти и луѓето кои се враќаат во своите земји по учеството во борбите на страна на Исламска држава во Сирија и Ирак, Европската Унија воспостави заеднички антитерористички регистар за да го олесни процесуирањето и носењето обвиненија, соопштија претставници на Унијата.

Тој потег има за цел делумно решавање на судбината на стотици државјани на ЕУ кои се бореле за Исламска држава, а сега се наоѓаат во затворите во Ирак и Сирија.

Новата база на податоци ги опфаќа информациите од сите 28 земји членки на ЕУ за истрагите што се во тек, обвиненија и осуди против милитанти, што ќе помогне во соработката меѓу државните обвинителства.

Ова се очекува да помогне во осудата на воените злосторници и другите милитанти, кои инаку би можеле да бидат судени за помали кривични дела или воопшто да не им се суди, бидејќи во ЕУ не се собрани доволно докази.

Спонзорирано: