12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тинејџер ослепел зошто јадел само чипс и помфрит

Експертите предупредуваат за опасностите од едноличната исхрана, откако 17-годишник го загуби видот, зошто живеел само на чипс и помфрит.

Лекарите во очната болница во Бристол се грижеле за младиот човек, откако неговиот вид се влошил до степен на слепило. Од напуштањето на основното училиште, тинејџерот јадел само помфрит, чипс и бел леб, како и повремено парче шунка или колбас. Тестовите откриле дека тој има сериозен недостиг на витамини и оштетување поради неухранетост.

Адолесцентот, кој не може да биде именуван, првпат бил на преглед на 14-годишна возраст, затоа што се чувствувал уморно и не му било добро. Тогаш му било дијагностициран недостиг на витамин Б12 и лекарот му препишал супламенти, но тој не се придржувал кон третманот, поради што ја влошил состојбата.

Три години подоцна, тој бил однесен во очната болница во Бристол, заради прогресивно губење на видот.

“Неговата исхрана во суштина беше дел од чипсови од локалната продавница за риби и грицки секој ден. Понекогаш јадел и парчиња бел леб и повремено парчиња шунка, а не внесувал овошје и зеленчук“ рекол докторот Денизи Атан, кој го лекувал.

„Тој го објасни ова како аверзија кон одредени текстури на храна што тој навистина не може да ги толерира, и така чипс и крцкави грицки биле навистина единствената храна што тој сакал и сметал дека може да јаде“ објаснил докторот.

Лекарите го провериле нивото на витамини и откриле дека има голем недостиг од Б12, како и некои други важни витамини и минерали – бакар, селен и витамин Д.

Момчето физички не изгледало сабо ниту дебело, но било сериозно неухрането.

„Тој изгуби минерали од коската, што е навистина шокантно за едно момче на негова возраст“ велат лекарите.

Поради губењето на видот, тој не може да вози автомобил, да чита и гледа телевизија или да забележува лица. Може само да се движи наоколу зошто има периферна визија.

Спонзорирано: