19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Гром удрил во авионот на Дачиќ над Словенија

Гром удрил во авионот со кој шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, летал за Словенија. Според српските медиуми, молњата удрила додека авионот бил над Љубљана.

Ударот на гром предизвикал паника, но за среќа инцидентот поминал без последици, а пилотот слетал на најблискиот аеродром во Словенија. Дачиќ го продолжил патот кон Блед каде ќе учествува на Стратешкиот форум.

„Се слушна мала експлозија, се виде одблесок. Но, никој ништо не ни може“, изјавил Дачиќ за „Курир“.

Силно невреме синоќа ги погоди Словенија и Хрватска, каде за само два часа биле забележани повеќе од 20.000 молњи.

Спонзорирано: