13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дачиќ: Ние на Балканот ќе изумреме чекајќи ја ЕУ

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, во Блед изјави дека за Западен Балкан членството во Унијата станува бајка и далечна иднина, додека на регионот му требаат гаранции за блиска иднина и искреност од Брисел.

Дачиќ во своето излагање на панелот „Западен Балкан – европеизација, демократизација, заедничка одговорност“ во рамки на Стратешкиот форум на Блед, на хумористичен начин, но со сериозна поента, рече дека Балканот очекува новата Европската комисија да не лаже повеќе и убаво да каже дали ќе има влез во ЕУ или не.

„Тоа што ќе биде за 30 години е како кога ќе им ветите на своите деца дека кога ќе пораснат ќе им купите нешто. Ние во Западен Балкан не можеме лажно да се надеваме бидејќи веќе пораснавме. Не само што пораснавме, туку наскоро ќе умреме чекајќи на ЕУ“, додаде шефот на српската дипломатија.

Спонзорирано: