10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белорусија целосно ја затвори границата кон Украина

морала да ја затвори границата со Украина и тоа поради големиот доток на оружје од таа држава, пренесува „Спутник“.

„Моравме кон своите браќа, блиски луѓе, целосно да ја затвориме границата поитно отколку кон северноатлантскиот блок, кој за нас секогаш бил непријател број еден“, изјави Лукашенко на Меѓународната конференција на високо ниво за борба против тероризмот во Минск.

Според Лукашенко, ако оружјето падне во рацете на обичните луше, особено оние националистички расположени, може да очекуваат тероризам.

Минатата година, како што соопштија од Државниот граничен комитет на Белорусија, на границата со Украина биле оземени повеќе од 800 парчиња муниција и 76 парчиња оружје. Лукашенко тогаш наложи зајакнување на заштитата на јужната граница и не ја исклучи ни можноста за зголемување на бројот на граничари

Спонзорирано: