20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германскиот претседател побара прошка за полските жртви

Германскиот претседател, Франк Валтер Штајнмаер денеска на комеморацијата во Полска побара прошка за полските жртви на германската тиранија во Втората светска војна.

„Се поклонувам пред жртвите на нападот во Вилун, се поклонувам пред полските жртви на германската тиранија и барам прошка“, рече Штајнмаер на комеморацијата во Вилун по повод 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна.

„Длабоко сме благодарни за раката што ја пружи Полска во знак на опростување“, рече германскиот претседател.

Штајнмаер и неговиот полски колега, Анджеј Дуда ја отворија денешната комеморација рано утрово во 4.40 часот, кога пред 80 години паднале првите нацистички бомби и ги убиле првите цивили.

По минута молк, Дуда му заблагодари на Штајнмаер за неговото присуство.

На главниот настан во Варшава ќе присуствува германската канцеларка, Ангела Меркел, потпретседателот на САД, Мајк Пенс и многу други, наведе агенцијата.

Спонзорирано: