3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Во БиХ се појави дрогата ајс, 10 пати посилна од кокаинот

Опасната дрога ајс, за која експертите велат дека е 10 пати посилна и поразорна од кокаинот, се појави и во Босна и Херцеговина.

Полицијата во Бијелина запленила седум грама дрога и досега тоа е единственото подрачје во БиХ каде што беше пронајдена, пренесува порталот „Кликс“.

Три лица се уапсени во Бијелина, додека по другите шест се трага.

Покрај дрогата ајс, пронајдени се марихуана, спид и екстази.