20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
foto
СВЕТ

Франција воведува возови на водород кои ќе ги заменат моделите на дизел

Франција купува 15 возови со погон на водород, најави лидерот на францускиот државен железнички превозник СНЦФ.

Возовите на водород опремени се со ќелии за гориво кои произведуваат електрична енергија од водород и кислород.

Германија е првата земја која минатата година ја воведе оваа технологија, ставајќи во промет два воза на францускиот производител на ТГВ, „Алстон“, на пруга долга 100 километри.

„Се надеваме дека за неколку недели ќе потпишеме наредба за производство на 15 возови на водород“, изјавил извршниот директор на СНЦФ, Гијом Пепи, додавајќи дека возовите треба да бидат во функција за околу две години.

Спонзорирано: