Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Карибите погодени од тропска бура

Тропската бура Доријан, која го погоди источниот дел на Карибите, движејќи се понатаму кон Порторико и источниот дел на Доминиканска Република, утре се очекува да се претвори во ураган.

Американскиот национален центар за урагани издаде предупредување за тропско невреме за Мартиник, Света Луција, Сент Винсент и Гренадини, пренесува АП.

Центарот соопшти дека ветровите се движеле со брзина од 85 километри на час и се очекувало да се зајакнат во наредните 48 часа пред невремето да го погоди американското тло.

„Доријан ќе се претвори во ураган кога ќе се приближи до Порторико и источен Хаити“, велат од центарот.

Премиерката на Барбадос, Миа Мотли ги затвори училиштата и владините канцеларии во Барбадос, предупредувајќи ги луѓето да останат во затворено.

Во тренд…