15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британската опозицијa здружена против брегзит без договор

Опозициските партии во Велика Британија заедно ќе работат во обид да спречат излегување на земјата од ЕУ без договор. Тие денеска соопштија дека тоа ќе го сторат преку законодавна процедура или преку изгласување на недоверба на Владата во Парламентот.

Пратениците следната недела се враќаат од одмор и се подготвуваат за битка против премиерот Борис Џонсон, кој вети излегување на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври со или без договор.

Лидерот на лабуристите Џереми Корбин нагласи дека ќе направи се што е потребно за да спречи Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор. Тој предупреди дека излез од ЕУ без договор ќе ја остави Британија „на милост и немилост на претседателот на САД, Доналд Трамп и американските корпорации“.

Според Корбин, борбата за спречување брегзит без договор, не е борба меѓу оние кои сакаат да ја напуштат ЕУ и оние кои сакаат Британија да остане членка.

Спонзорирано: