13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Болсонаро ја одби помошта од Г7 за пожарите во Амазонија

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја одби помошта на лидерите на Г7 во борбата против пожарите во Амазонија нарекувајќи ја колонијалистички акт.

Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Групата Седум се согласила да издвои 20 милиони американски долари за противпожарна заштита, како и за долгорочна иницијатива за заштита на прашумата.

Макрон го обвини Болсонаро за пожарите во Амазонија и повтори дека лаже во врска со промената на неговата политика во однос на климатските промени и уништувањето на шумите.

Болсонаро потоа возврати дека смешните и непотребни напади кон Амазонија изнесени од страна на Макрон се неприфатливи и го обвини францускиот претседател дека го третирал регионот како да е колонија.

Бразилскиот претседател, сепак, се соочи со изолација во странство, поради неговиот став за тековната криза, а наиде и на силен притисок во неговата земја, откако неговиот рејтинг месецов значително опадна.

Според „Индекс.хр“, бразилскиот министер за животна средина, Рикардо Салес, реагирал различно кон помошта на Г7, нарекувајќи ја добредојдена.

Спонзорирано: