Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Трамп размислува да ја повика Русија на следниот Самит Г7

Donald Trump/Offical fan page

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Бијариц дека е „можно“ тој да ја покани Русија да се врати на годишниот состанок на индустриски најразвиени држави следната година кога е домаќин на самитот на Г7.

Во изјавата за време на работниот појадок со британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на Самитот Г7 во Франција, Трамп рече дека размислува да испрати повик до рускиот претседател Владимир Путин.

Русија беше членка на групата која тогаш се викаше Група Осум, но повеќето други земји ја исфрлија во 2014 година поради Украина. Европските земји инсистираат на тоа дека Русија прво треба да ги спроведе мировните договори од Минск пред да и биде дозволено повторно да се приклучи на групата.

Трамп не кажа под кои критериуми повторно ќе ја покани Русија да учествува на годишните самити.