13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, јави шпанската радиостаница „Онда Церо“ повикувајќи се на каталонската полиција. Дванаесет убиства се регистрирани во исто време, две повеќе отколку во 2018 година.

По зачестените напади и грабежи на минувачите во Барселона, Амбасадата на САД ги предупреди своите туристи да внимаваат додека го посетуваат градот на медитеранскиот брег.

Амбасадата ги повика своите граѓани преку својата веб-страница да внимаваат на личните работи, да бидат крајно внимателни додека ги посетуваат фреквентните туристички места и физички да не се спротивставуваат на обидот за грабеж. Покрај тоа, тие ги советуваат да не носат многу вредни работи, како белезици, синџирчиња и часовници.

Пред неколку дена група млади луѓе го опколија амбасадорот на Авганистан на улица, го турнаа на земјата и насилно му го одзедоа рачниот часовник. Истиот ден каталонската полиција уапси десет мажи, од кои некои беа малолетни, за четири насилни кражби. Крадците во стариот дел на градот краделе златни синџирчиња од минувачите. Претходно, тие ги набудувале посетителите на кафулиња, дискотеките и местата за забава за да видат дали носат накит околу вратот или на рацете.

Барселона, сместена на бреговите на Средоземното Море, е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа.

Спонзорирано: