21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш на Твитер соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена излегол од притвор, откако московскиот суд го отфрли барањето запродолжување на казната.

Навални, кој е истакнат критичар на Кремљ, беше осуден во минатиот месец на 30 дена за повикување луѓе да учествуваат во недозволен протест. Додека бил во затвор, Навални бил однесен во болница со сериозен исип на лицето за кој лекарите рекле дека е алергиска реакција. Некои приврзаници се сомневаа дека тој бил отруен. Тој помина околу 19 часа во болницата пред да биде вратен во притвор. во центарот за притвор. Шефот на затворот каде што ја издржувашеказната побарал од московскиот суд да го одложи ослободувањето за времето поминато во болница, но судот го отфрлил тоа.

Спонзорирано: