13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Јанева во затворот далеку од Боки13 и оние кои таа ги притвори

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која доби 30. дневен притвор за Рекет не се гледа ниту со Боки13, ниту со Кичеец кои се осомничени во случајот, ниту пак со оние кои таа ги стави во затворот Шутка.

Катица Јанева вчера за кратко го напушти истражниот затвор во Шутка за да оди на погребот на мајка си, но откако и се слоши во капелата во Гевгелија, не стигна до гробиштата туку се врати во притвор. Специјалната обвинителка е во добра здравствена состојба и редовно ја добива пропишаната терапија. За неа има посебни мерки имајќи предвид дека бешпе обвинител, пишува Независен.

– „Направена е безбедносна проценка и таа е сместена во соодветна ќелија. Внимаваме да не биде во контакт со другите обвинети од случајот ‘Рекет’, но и со евентуално други затвореници што можеби сакаат да ѝ се одмаздат. Вообичаено, притворениците не одат сами во соба, туку имаат цимер“, велат извори од затворот во населбата Шуто Оризари, пренесе Независен.

Јанева е сместена во женскиот оддел на првиот кат од затворската зграда, а не во хашките ќелии кои важат за најдобри во затворот, направени според препораките од Европската Унија.

Спонзорирано: