12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Се запали двокатен автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени

Од министерството за внатрешни работи за Канал 5 информираат дека Бригадата за против пожарна заштита добиле информација дека во 9 и 40 на улицата Ѓорче Петров има опожарен автобус на ЈСП. Пожарот е локализиран за 10 минути .

Според сведоштвото на возачот, еден од патниците што се возел на горниот кат, алармирал дека се појавил чад. Возачот веднаш го застанал автобусот, ги симнал патниците и се обидел сам да го изгасне пожарот со противпожарен апарат, но не успеал, па ги повикал пожарникарите кои веднаш дошле на местото на настанот и проширениот пожар го ставиле под контрола и го изгаснале. Екипите на министерството за внатрешни работи вршат увид на местото на настанот и ќе утврдуваат причините за пожарот информираат од град Скопје

Спонзорирано: