21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Затруените деца од јахтата на Хвар полетаа кон Рим

Петгодишното момче и 14-годишното девојче, кои беа отруени од јаглерод моноксид на јахтата во Хвар пред една недела, полетаа од аеродромот во Сплит кон Рим.

Со нив во авионот била нивната мајка, како и медицинска придружба , пренесува „Индекс“.

Во текот на неделата беше објавено дека состојбата на девојчето се подобрила и дека таа била пренесена од интензивна нега во одделението на кое била нејзината мајка.

Петгодишникот сè уште бил на интензивна нега, но неговата состојба се подобрила после тоа, така што бил организиран превоз до детската болница во Рим.

Поради труење со јаглерод моноксид на бродот на Хвар на 13 август почина 57-годишен маж, а пет лица биле пренесени во КБЦ во Сплит, меѓу кои и две деца во критична состојба.

Спонзорирано: