12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вооружен маж влегол во ресторан во Црна Гора и предизвикал паника кај гостите

Барската полиција трага по вооружен маж, кој синоќа влегол во ресторанот „Савоја“ и со маска на лицето и пиштол во раката го пребарувал локалот.

Полицијата го блокира Бар во целост.

Црногорските медиуми пренесуваат дека маскираниот маж предизвикал палника и страв кај присутните во објектот. Тој забрзано го заобиколил ресторанот загледувајќи се во гостите на секоја од масите и оставајќи впечаток дека бара некого. По неколку минути, истрчал од ресторанот и се упатил во непознат правец.

Во инцидентот нема повредени.

Од барската полиција потврдија дека проверуваат што се случило во ресторанот.

Во истиот угостителски објект пред пет години беше убиен неговиот некогашен сопственик, Баранин Армин Османагиќ.

Спонзорирано: