12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украинскиот суд нареди поведување постапка против Порошенко и Климкин

Судот во Киев му нареди на Националното биро за борба против корупција да отвори случај против поранешниот украински претседател Петро Порошенко и поранешниот министер за надворешни работи, Павел Климкин, за злоупотреба на службената должност.

Локалните медиуми соопштија дека името на подносителот на барањето не е објавено, но дека тој доставил пријава за кривичните дела извршени од Порошенко и Климкин, јавува ТАСС.

Барањето било поднесен на 15 јули, а судот наредил случајот да се поведе на 15 август.

Во моментот има голем број постапки против Порошенко, вклучително и за предавство, перење пари, затајување данок.

Спонзорирано: