10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп ги критикува Евреите што гласаат за демократи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им порача денеска на Евреите што гласаат за демократите дека покажуваат целосно незнаење и голема нелојалност.

„Каде замина Демократската партија? Каде заминаа кога пред Израел ги бранат конгресменките Илхан Омар и Рашида Тлајб“.

Трамп предизвика бес кај критичарите, кои сметаат дека неговите коментари се антисемистски.

Американскиот претседател значително се приближи кон Израел и тамошниот премиер Бенјамин Нетанјаху, а Омар и Тлајб силно го критикуваат односот на Израел кон Палестинците.

Трамп минатата недела издејствува Израел да ја забрани посетата на Омар и Тлајб.

Спонзорирано: