21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Саудиска Арабија ги олеснува ограничувањата за патување за жените

Долго ветуваните нови закони кои им дозволуваат на саудиските жени постари од 21 година да патуваат без дозвола од машки старател, стапија во сила во вторникот, пренесува „Брејтбарт“.

Правилата беа објавени со кралската декрет за целосни реформи минатиот месец. Тоа значи дека возрасните жени можат да се движат слободно и да имаат поголема контрола врз семејните работи.

Овој потег му става крај на ограничувањето што предизвикуваше меѓународен гнев и ги принудуваше жените да бегаат од земјата. Ограничувањето на можноста на Саудијките да патуваат долго време беше симбол на фундаменталистичката исламска власт на земјата и на длабоко патријархалнотото општество.

„Одделот за пасоши започна да прима барања за жени на возраст од 21 и повеќе години за издавање или обновување на пасошите и за патување надвор од кралството без дозвола“, соопшти одделот на Твитер.

Жените во кралството досега секогаш мораа да бараат дозвола од своите машки „старатели“ – сопруг, татко и други роднини.
Реформите беа масовно поздравени во кралството, но привлекоа и реакции од архиконзервативците, од кои многумина споделуваа на социјалните мрежи стари видеопроповеди од саудиските имами кои се залагаат за законите за старателство. Некои, исто така, ја осудија промената како неисламска во општеството кое традиционално ги смета мажите за заштитници на жените.

Со измените, за прв пат им се дава на жените право да регистрираат раѓање на деца, брак или развод, да им бидат издадени службени документи за семејство и да имаат право на старателство врз малолетни деца.

Еден саудиски весник објави дека повеќе од 1.000 жени во Источната провинција во земјата ја напуштиле Саудиска Арабија во понеделникот без дозвола од својот старател.

Неодамнешните промени во општеството на Саудиска Арабија се дел од невидениот напор на престолонаследникот, принцот Мохамед бин Салман, за подобрување на правата на жените како дел од тековните реформи за модернизација на земјата.

Спонзорирано: