20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ирански танкер за нафта се расипа во Црвеното Море покрај брегот на Саудиска Арабија

Иранскиот танкер за нафта ХЕЛМ, еден од најголемите бродови од ваков вид во светот, се расипа на 120 км од саудиското пристаниште Јанбу. Според портпаролот на Националната иранска компанија за танкер, Џабал Амели, екипажот се обидува да го реши проблемот, пренесува ИРНА.

„Екипажот на бродот го отстранува дефектот и бродот е во стабилна состојба од безбедносна гледна точка. За среќа, екипажот е безбеден“, рече Амели.

ХЕЛМ е предмет на санкции на САД. Иран ја има една од најголемите флоти на танкери во светот.

Претходно, американскиот специјален претставник за Иран, Брајан Хук, изјави дека Вашингтон ги повикува сите земји да ги забранат иранските танкери со нафта во своите пристаништа и да не им дозволуваат премин.

Во јули танкерот под иранско знаме „Адријан Дарија 1“, претходно познат како „Грејс 1“, беше заленет под сомнение дека носел нафта во Сирија во директно кршење на санкциите на ЕУ. Танкерот беше пуштен минатата недела и тргна кон Грција.

На 19 јули Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) заплени танкер под знаме на Велика Британија во теснината Ормуз за повреда на меѓународните поморски прописи. Нафтениот танкер „Стена имперо“ со својата 23-члена екипа беше одвлечен во пристаништето во Бандар Абас.

Спонзорирано: