11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жена од Белград првата годинашна жртва на западнонилска треска во Србија

Осумдесет и четиригодишна жена од Белград, која беше хроничен пациент заболен од западнонилска треска, е првата жртва што се поврзува со вирусот во Србија оваа година.

Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“ објави дека досега се регистрирани три случаи на западнонилска треска, два потврдени во Белград и еден, најверојатно, со еден фатален исход.

До 15 август регистрирани се 68 случаи на западнонилска треска во земјите на ЕУ, и тоа во Грција 48, во Романија осум, на Кипар пет, во Италија три, во Унгарија два и по еден случај во Бугарија и Франција.

Спонзорирано: