11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судска постапка против Шредер поради браколомство

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер се соочува со тужба поради браколомство.

Според германскиот весник „Билд“, писмото било испратено до канцеларијата на Шредер во Хановер пред неколку дена.

Содржината на писмото е тужба од Сеул, која ја поднел поранешниот сопруг на петтата сопруга на Шредер, кој бара обесштетување за претрпената болка поради браколомството.

Шредер, тврди тој, е виновен што му пропаднал бракот.

Шредер и неговата сегашна сопруга Сојеон Шредер-Ким се запознале за време на неговото патување во Јужна Кореја во 2015 година.

Прашањето беше дали Шредер и Ким во тоа време биле слободни или биле во брак.

Новата сопруга на Шредер во минатото тврдеше дека нејзиниот брак завршил кога се запознала со поранешниот шеф на германската влада.

Сепак, нејзиниот поранешен сопруг тврди дека го прифатил разводот едноставно затоа што Ким тврдела дека ќе стави крај на врската со Шредер.

Тој стекнал старателство над заедничкото дете и на целиот имот што произлегува од бракот.

Тој сега го тужи Шредер за приближно 75.000 евра поради претрпена душевна болка.

Спонзорирано: