13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години. Како што јавуваат светските медиуми, парот од Франција бил фатен кога со автомобилот полн со песок се обидувал да ја напушти Сардинија.

Како што јавува Би-би-си, тие изјавиле дека го зеле песокот како сувенир и не биле свесни дека го кршат законот. Славниот бел песок на Сардинија се смета за јавно добро и е строго забрането да се изнесува од островот.

Со години локалното население се бунеле поради крадците кои краделе природни знаменитости, вклучувајќи песок, и е донесен закон со кој се забранува изнесување песок, камчиња и школки од островот. Според законот донесен во 2017 година, трговијата со песок, камчиња и школки е нелегална и се казнува до 3.000 евра.

Французите сега се соочуваат со затворска казна од една до шест години за кражба под отежнати околности затоа што станува збор за кражба на имот што е јавно добро.Тие песокот го наполниле во 14 пластични шишиња, а го зеле од плажата Чиа, која се наоѓа во јужна Сардинија. Полицијата го пронашла во нивниот автомобил кога чекале да се качат на траект за Тулон на пристаништето Торес.

Властите се загрижени бидејќи годишно исчезнуваат неколку тони скапоцен песок. Туристите, од кои повеќето Европејци, вклучувајќи и Италијанци, го ставаат песокот во шишиња, а потоа го продаваат на интернет-аукции.

Спонзорирано: