19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Родила близнаци во временски период од 11 недели

Лилија Коновалова од Уралск, Казахстан, имала предвремено породување и донела на свет ќерка на 24 мај, а нејзиниот близнак брат се родил дури на 9 август.

Кога 29-годишната мајка го родила првото дете во 25. недела од бременоста, бебето тежело околу 800 грама и било сместено на одделението за интензивна нега еден месец. Нејзиниот брат стигнал дури два и пол месеци подоцна и бил тежок неполни 3 килограми.

Исклучително невообичаеното двојно породување било можно само поради тоа што Лилија има двојна матка и секој од близнаците се развил во својата матка.

Сега радосната мајка се подготвува да излезе од болница со своите две деца бидејќи сите се здрави, а девојчето ја достигнало очекуваната тежина.

Иако ваквите породувања се многу ретки, а уште поретки се со големо временско растојание, по раѓањето на девојчето, лекарите откриле за каков случај станува збор, па поради тоа внимателно и трпеливо ја следеле состојбата на мајката и го чекале второто дете.

Казахстанското Министерство за здравство поставило квота за такви породувања на 50 милиони наспроти еден.

Спонзорирано: