5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН. Според хуманитарната организација СОС Детско село, во 2018 година биле убиени или ранети 12.000 деца

Луѓето бегаат од војни, прогон и последици од глобалното затоплување, објави во соопштение германскиот разгранок на УНХЦР, еден ден во пресрет на Светскиот хуманитарен ден.

Илјадници луѓе се киднапирани, а стотици се сериозно трауматизирани. Намногу убиени или ранети деца бележат Авганистан (3.062), Сирија (1.854) и Јемен (1.698).

„Црните бројки се најверојатно и многу поголеми“, изјавила Тереза Нгиги, главен психолог во СОС Детското село.

Спонзорирано: