13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Едногодишно момче загина на паркинг, за трагедијата обвинета неговата мајка

Жизел Васкез, 18-годишна мајка од Тексас, е обвинета за загрозување на дете, откако надзорните камери на еден паркинг го регистрирале моментот кога таа се оддалечила од нејзиниот 18-месечен син, кој само неколку секунди подоцна бил прегазен од автомобил.

Мајката е обвинета за сериозно кривично дело – загрозување на безбедноста на децата, по смртта на нејзиниот син, Алан Виледа, кој бил удрен од автомобил кој излегувал од паркингот по што загинал.

На снимката се гледа Васкез како минува низ паркингот со двомесечната ќерка во рацете. Во исто време, нејзиниот син е на другиот крај на паркингот и го следи својот тригодишен братучед.

Мајката подоцна забележала дека синот не е покрај неа, и после две минути се вратила на местото на несреќата, а жената зад воланот на автомобилот кој го усмртил момчето воопшто не била свесна дека го прегазила детето, па го напуштила местото на инцидентот.

Кога се вратила на местото на настанот, таа поминала на тестот за дрога и алкохол.

Васкез изјавила дека не знаела оти децата останале зад неа и верувала дека во моментот на несреќата тие биле со нејзината сестра.

Полицијата сè уште го истражува инцидентот, а засега не е покренато обвинение против лицето кое управувало со возилото.

Спонзорирано: