10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Водата на Аљаска е толку топла што веќе ни рибите не можат да издржат

Аљаска ова лето беше на удар на незапаметени топлотни бранови. Научниците предупредуваат на влијанието на климатските промени на рибниот свет, бидејќи забележани се бројни угинати примероци на неколку видови лосос.

Стефани Квин-Дејвидсон, директорка на рибната компанија Јукон, рекла дека кон крајот на јули однела група научници на експедиција долж реката Којокук, каде мештаните ја предупредиле за угинати лососи.

Тие избројале 850 мртви лососи, но процениле дека вкупниот број најверојатно е четири до десет пати поголем. Барале докази за можно труење или зараза, но ништо не нашле, а со оглед дека нивното угинување се поклопило со топлотниот бран, заклучиле дека топлотен стрес е причина за масовното угинување.

Топлотниот бран е посилен од што се очекувало.

„Температурата на водата достигна рекордна вредност истовремено со температурата на воздухот“ велат експертите.

Научниците од 2002 година ја следат температурата околу заливот Кук, јужно од Енкориџа, и до сега таа не надмината 24,5 степени Целзиусови. Оваа година на 7 јули температурата достигна 27,5 степени.

Спонзорирано: