10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу бродот за спасување со 134 мигранти.

Тој порача дека ќе им дозволи на малолетните мигранти да се симнат од бродот во кој се наоѓаат две недели. Премиерот Џузепе Конте му напиша второ писмо на Салвини, барајќи од него да им дозволи на малолетните лица да се симнат од бродот.

Салвини одговори да три страници дека ќе го стори тоа, но нагласил дека е јасно оти тоа е избор на Конте и дека тоа нема да воспостави преседан.

Засега не се знае колку има малолетни лица и кога ќе се симнат од бродот.
Шпанската хуманитарна група „Опен армс“ пред две недели ги спаси мигрантите во Средоземното море во близина на Либија и ја доби правната битка за влез во територијалните води на Италија, наспроти забраната на Салвини.

Бродот се наоѓа крај италијанскиот брег, чекајќи да се симнат мигрантите, откако Шпанија и пет други земји на ЕУ одлучија да ги примат.

Спонзорирано: