3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд Трамп, нема да добијат плата.

„Си-Ен-Ен“, добила интерен меморандум во кој се вели дека оние кои не присуствуваат на говорот на Трамп не смеат да протестираат.

На говорот што се одржа во вторникот и кој требаше да биде поврзан со развојот на регионот, бидејќи патувањето на претседателот беше финансиранот од државата, тој настапи како да е на кампања и изјави дека ако синдикатите гласаат за него на изборите во 2020 година, тој ќе се погрижи нивните лидери да бидат повторно избрани.

„Вашето присуство не е задолжително. Ако не присуствувате треба да земете слободен ден. Оние кои (не зеле слободен ден и) не присуствуваат нема да бидат платени во петок“, се вели во меморандумот што работниците го примиле неколку денови пред говорот на Трамп.

Новиот комплекс е на нафтената компанија „Шел“ и наскоро се отвара за да произведува пластика од вторични суровини добиени од производство на природен гас од шкрилци.