5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел планира средба со Џонсон во врска со брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел сака во блиска иднина да се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон за да разговатаат за брегзит и други прашања од заеднички интерес, изјави денеска портпаролот на германската влада во Берлин.

„Средбата би требало да се одржи наскоро“, рече портпаролот Штефен Зајберт, без да го прецизира датумот на состанокот.

Двајцата лидери ќе присуствуваат на Самитот Г7 во Франција, кој ќе се одржи од 24 до 26 август.

Спонзорирано: